мај 18, 2026

Пеп Гвардиола го одведе Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите, а потоа во потесен круг го прослави големиот триумф (4:0) над Реал Мадрид. Како Каалонец, секако дека секоја победа над „кралевите“ за него е специјална, а сега има и посебна причина за радост, затоа што го елиминира актуелниот првак и му се одмазди за болната елиминација од минатата сезона.

По натпреварот, Пеп Гвардиола се опушти со пријателите во ВИП апартманот на „Итихад“, заедно со неговиот брат, Пере Гвардиола, поранешниот аргентински претседател Маурицио Макри, како и претседателот на Манчестер Сити, Калдун Ал Мубарак.

Сето ова беше овековечено и со провокативна фотографија, на која Гвардиола и пријателите покажуваат „четворка“, бројот на голови кои Манчестер Сити ги постигна на реваншот против Реал Мадрид.

The post Гвардиола провоцираше со „четворка“ откако го уништи Реал Мадрид appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK