мај 18, 2026

Планот и концептот за електронска лична карта се веќе готови. Тоа е систем кој мора да се прави согласно европските директиви и ако сè се одвива како што треба, би требало веќе следната година да имаме електронска лична карта. Ова го кажа на брифингот со новинарите вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, чиј тим работи на Законот за архивска дејност и на е-личната карта, пренесува Мета.

„Активностите поврзани со електронската лична карта, ги правиме со амбасадата на САД. Концептот, кој на МВР требаше да им биде комплетно јасен, е веќе готов. Сега експерт од Естонија ќе дојде кон крајот на овој месец и тој ќе треба да види дали сè е во согласност со европските директиви. Сега Министерството за информатичко општество и администрација, треба да ја направат Стратегијата за сајбер безбедност“, рече Грковска.

Таа информираше дека следува техничка спецификација, односно меѓународен тендер за што МВР ќе го води процесот.

Вицепремиерката информираше и за Законот за потекло на имот, кој е во фаза на изработка.

„Ова недостасува во нашиот систем. Кога ќе се утврди дека нема аргументи за кривична постапка, тогаш лицето кое несразмерно стекнало имот, ќе мора во граѓанска постапка да докаже како го стекнало имотот. Целта е да се стесни просторот за злоупотреба и криминалот да биде казнет. Во овој процес се вклучени Министерството за правда, Обвинителството, експерти. Врз основа на меѓународните искуства ќе се направи закон“, рече Грковска

The post До година ќе имаме електронска лична карта appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK