мај 18, 2026

Хера, ќерката на првиот вицепремиер Артан Груби матурираше во гимназија „Зеф Љуш Марку“, во Скопје. Нејзиниот татко сподели неколку фотографии од нејзината матурска вечер, а во очи падна и фустанот кој го носеше таа.

Хера заврши гимназија во истото училиште во кое завршиле и нејзините родители ни откри во разговор за Репортер, Артан Груби.
Тој вели дека неговата ќерка е одлична ученичка низ сите четири години, и дека сè уште не знаат каде ќе студира, но секако дека тоа ќе биде тука во својата земја. Го прашавме првиот вицепремиер и за изборот на фустанот, на што Груби, ни открива: „Фустанот е креиран од дизајнерот Пајтим Раци од Косово, и нејзин избор беше од прв ден. Фустанот е со рачно креирана скулптура во форма на корсет, но морав неколку пати да ја носам на избор, на проба. Исто така и шминката и фризурата беа во Приштина кај Selma & Kaci, додека чевлите, накитот и чанта се од Скопје“, ни рече Артан Груби за Репортер.

за повеќе информации тука

The post Морав да ја носам по неколку пати до Косово на проба за фустанот: Артан Груби за ќерката матурантка appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK