мај 18, 2026

Армијата на Република Северна Македонија по подолго време за потребите на воените сили конечно го доби вториот контигент од лесните оклопни возила ЈЛТВ од американско потекло.
Како што на прес конференција денес кратко изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање, на пристаништето во Солун, Република Грција, пристигната е втората испорака од лесни оклопни возила во рамките на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“.

Станува збор за нови 27 ЈЛТВ лесни оклопни возила од американско потекло. Досега македонската армија набави 6 вакви возила каде со овие 27, македонската војска ќе располага со 33 нови софистицирани оклопни возила кои одговараат на сите модерни НАТО стандарди на кои треба да се модифицира армијата. Ова е втора ваква испорака а првата испорака стигна минатата година во Јули, каде што тогаш Петровска ја објави оваа информација.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а во периодот што следи се очекува набавка на друга современа воена техника за опременување на армијата.

Инаку ЈЛТВ е едно од најсовремените оклопни возила во својата класа и Македонија има нарачано вкупно 45 возила ЈЛТВ-а.

The post Армијата во Македонија се поднови со нови Американски Оклопни Возила. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK