мај 18, 2026

Покрај супата, познатата бела супа и чорбата – варената млада зелка е едно од најпопуларните јадења „на лажица“ на нашите простори.

Подготовката е брза и лесна, а оброкот е здрав бидејќи содржи многу зеленчук и може да се подготви и без месо. Рецептот го „позајмивме“ од нашите баби, кои редовно подготвуваа варена зелка и го модифицираа вкусот со додавање на свинско, овчо или говедско месо.

Состојки:

1 главица млада зелка со средна големина;1 кромид;2 чешниња лук;2 моркови;3 лажици масло;сол, бибер;ловоров лист;250 мл. сок од домати;суви зачини;магдонос.

Подготовка:
Надворешните листови од зелката исчистете ги, извадете го коренот, па исечкајте ја и оставете ја настрана.
Морковот исчистете го, па исечкајте го, како и младиот кромид и динстајте ги во тенџере во кое сте ставиле три лажици масло и малку вода. Кога ќе се динстаат морковите и кромидот, додадете ја сечканата зелка, ловоровиот лист, солта и сувите зачини, а потоа истурете вода и варете на средно висока температура додека зелката целосно не омекне.
Потоа додадете сечкан лук, бибер и сок од домати и оставете да се крчка уште десет минути. Пред послужување, исечкајте магдонос, па прелијте го преку површината на садот.

Пријатно!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK