мај 18, 2026

Тросед одлета во воздух од 35 кат од зграда во Турција по силното невреме кое го зафати градот Анкара. Видеото го сними Онур Калмаз за турската новинска агенција Демиморен. За среќа нема повредени, пренесе „Би-би-си“.

„Кога почна невремето погледнав надвор да го проверам автомобилот и видов што се случува. Поради силниот ветар, почна да лета покуќнина од терасата. Телефонот ми беше во рака и веднаш почнав да снимам“, рече Калмаз.

Во невремето забележано е дека ветерот дувал со брзина од 45 километри на час. Од силното невреме се срушило и минаре на џамија, во кое повредено е најмалку едно лице.

„Гардијан“ пренесе дека ветарот оштетил покриви на неколку станбени објекти, но и на еден трговски центар, а пријавени се и скршени прозорци и откорнати дрвја во делови на градот.

The post (Видео) Тросед одлета од зграда во силното невреме во Турција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK