мај 18, 2026

Ученик во средно училиште во Чаир заканувајќи се со пиштол ограбил соученик, дознава 24 Инфо.

Инцидентот го потврдија од МВР.

-Денеска (19.05.2023) во околу 11.20 часот во двор на средно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје. Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето. Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Пред две недели во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето  дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK