мај 18, 2026

Поради асфалтирање на коловозот со втор слој асфалтна маса на ул. „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 до 15 часот, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Како што информираат од ЈП Улици и патишта Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една, а потоа и другата лента на коловозот.

Од ЈП Улици и патишта Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK