мај 18, 2026

Во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство вчера привеле припадничка на Армијата на Република Северна Македонија заради вршење на кривично дело поткуп.
Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници. Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

Таа ги охрабри сите да ги пријавуваат ваквите случаи.

-Криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор, напиша Петровска.

The post Приведена припадничка на Армијата, барала 3.000 евра од кандидат за да биде примен appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK