мај 18, 2026

Доцна ноќеска, околу 23.18 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на железничка пруга во атар на с.Негорци, гевгелиско,  товарен воз на Железници на Северна Македонија, кој сообраќал на релација Трубарево – Гевгелија, удрил во машко лице мигрант.

Притоа, лицето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Гевгелија.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK