Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра финале на турнирот во Куршумлиска Бања.
Во денешниот меч со 2:0 во сетови ја совлада Кристина Дину од Романија. Pрвиот сет го доби со 6:4, a во вториот прикажа уште поубедлива игра и го освои со 6:2.
Противничка во битката за трофејот на Ѓорческа ќе ѝ биде Русинката Јулија Авдеева. Според ранкигот Ѓорческа важи за фаворит за освојување на трофејот.
The post Лина Ѓорческа ќе игра за титула во Куршумлиска Бања appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
