мај 18, 2026

Откако беше ослободен од обвинувањето за убиство на снимателката Халина Хачинс на сетот, холивудскиот глумец Алек Болдвин стана дедо. Ќерка му Ајрланд со сопругот ја добија ќерката Холанд.

Познатата манекенка и глумица се сликаше со бебето и откри дека сега двете ги носат имињата на земјите Ирска и Холандија. Ајрланд е единствената ќерка на Болдвин и неговата бивша сопруга Ким Бесинџер. За потсетување, Болдвин во септември минатата година го доби седмото дете со сопругата Хиларија.

Тие ја имаат и ќерките Марија Луција Викторија и Кармен Габриел и синовите Едуардо Паоа Лукас, Ромео Алехандро Дејвид, Леонардо Анхел Чарлс и Рафаел Томас. Нивното седмо дете го доби името Иларија.

Ајрланд се прослави откако потпиша договор со IMG Models во 2013 и истата година се сликаше во костим за капење за „Њујорк пост“. Вниманието го привлече кога се ишиша кратко.

 


The post (Фото) Алек Болдвин стана дедо, ќерка му Ајрлaнд со сопругот ја добија Холанд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK