мај 18, 2026

Нотингем Форест го победи Арсенал со 1:0, си обезбеди опстанок во Премиер лигата, Манчестер сити и математички ја одбрани титулата.

Победникот во претпоследното коло го реши најдобриот играч на „Шумарите“, Авонији во 19.минута од натпреварот. Напаѓачот на Форест го казни Арсенал, за нереализираниот зицер на Габриел Жесус во претходниот напад.

Арсенал ја имаше топката во своите нозе во 82 проценти од времето. „Топџиите“ имаа девет удари кон голот на Кејлор Навас, но не успеаја да постигнат гол.

Арсенал има два натпревари повеќе и четири бода помалку од Манчестер сити. Избраниците на Пеп Гвардиола ќе ја прослават титулата утре од 17 часот на свој терен пред мечот со Челзи.

The post (Видео) Нотингем Форест си обезбеди опстанок и му ја врачи титулата на Манчестер сити appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK