Колумбијците го обвинија својот претседател дека дал лажна надеж откако објави дека вистинско чудо е што четири деца биле спасени после авионска несреќа во Амазон, за после тоа вооружените сили да се изјаснат дека преживеаните допрва треба да се најдат.
Тела на три возрасни лица веќе биле пронајдени, а меѓу загинатите се пилотот на авионот и мајката на четирите деца од етничката група Хуито.
Претседателот Густаво Петро вчера изјави дека четирити браќа и сестри – момчиња на возраст од единаесет месеци, четири и девет години и нивната 13-годишна сестра – биле спасени, а спасувањето тој го опиша како „радост за земјата“.
Сепак, неколку часа подоцна, колумбиските медиуми објавија дека нивните контакти во вооружените сили рекле дека единиците за пребарување и спасување рекле дека сè уште не пронашле преживеани.
Петро ја сподели веста на Твитер, велејќи дека децата биле најдени по „напорните напори за пребарување“ од страна на војската.
Но, доцна синоќа воени извори предизвикаа збунетост велејќи дека децата всушност не биле пронајдени.

