мај 18, 2026

Незадоволни родители на ученици од СОУ „Гимназија Добри Даскалов“ од Кавадарци споделија видео на кое се гледа како нивните деца на екскурзијата во Франција го туркаат автобусот за да трне.

Како што пренесува „Дума“, тие не се задоволни од превозот што скопската ТА „Дипломатик“ го ангажирала за реализација на екскурзијата. Сведочат дека проблеми се појавиле на почетокот на патувањето кога во Кавадарци дошле два автобуси, од кои еден, имал технички недостатоци иако поминал технички преглед во Скопје.

Директорката Јасмина Чулева за порталот изјави дека по првата интервенција во која бил направен вонреден технички преглед и обезбеден исправен автобус, за сега екскурзијата да се реализира без проблеми, дел од родителите не го делат истото мислење. Споделувајќи го видеото тврдат дека превозот морал да биде подобар и побезбеден. ВИДЕО ТУКА

The post Ученици од Кавадарци го туркаат да запали автобусот кој ги носи на екскурзијата во Франција appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK