мај 18, 2026

Две млади момчиња се ранети во престрелката што се случи вечерва на улица Максим Горки во Врачар. 29-годишниот А.П. е застрелан во пределот на десната натколеница вечерва во 19 часот и 40 минути на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки, известуваат српските медиуми.

Ранетиот А.П. во досието има 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништва. Во сила е потерница за издржување затворска казна.

Во пукањето е повреден и македонскиот државјанин, 21-годишниот Д.Л.. Тој беше застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет.

Се трага по напаѓачот. Има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки, објавија српските медиуми.

По пукањето побегнал кон Чубурски парк.

Во моментот на пукањето паркот бил полн со деца и кога се слушнале истрелите сите застанале, а потоа некој сугерирал дека најверојатно се петарди и играта продолжила.

Набрзо дошла полицијата и дури тогаш луѓето сфатиле дека слушнале истрели.

Полицијата ја започна акцијата „Вихор“, додаваат српските медиуми.

The post Во пукањето во Белград застрелан и Македонец appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK