мај 18, 2026

Американската полиција приведе возач на U-Haul камион кој со своето возило удри во безбедносните бариери на плоштадот „Лафајет“ пред Белата куќа во Вашингтон, изјави портпаролот на американската тајна служба.

„Во инцидентот нема повредени, а причината и другите детали за овој инцидент се истражуваат“, објави портпаролот на американската тајна служба на својот Twitter профил и додаде дека некои патишта и пешачки патеки се затворени во областа“, пренесува Reuters.
Блискиот хотел „Хеј Адамс“ беше евакуиран на барање на тајната служба, објави The Washington Post.

Како мерка на претпазливост, задната врата на камионот била отворена со помош на роботизирана полициска машина на далечинско управување и во камионот било откриено само знаме на нацистичка Германија, но не и друг товар.
Повикувајќи се на изјави на сведоци, американските медиуми објавија дека возачот, по првиот пат, потоа уште еднаш удрил во бариерите на плоштадот „Лафајет“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK