мај 18, 2026

Припадниците на српското МВР идентификуваа и приведоа маж кој пукал од пиштол и ранил две лица во улицата Максима Горки во белградската општина Врачар во текот на вчерашната вечер.
Според медиумите, приведен е Н. Ѓ. (20) кој е осомничен дека во понеделникот околу 19.40 часот во Врачар пукал од пиштол и ранил две лица.

Ранетите се А. П. (26) и македонскиот државјанин Д. Л. (21).
Од Брзата помош констатирале дека 26-годишен маж бил застрелан во натколеницата и со тешка повреда и обилно крварење е пренесен во Ургентниот центар на реанимација.
Истиот напаѓач пукал и во уште едно младо момче на возраст од 20 години, кое се обидело да побегне и со прострелна рана во грбот бил пренесен во Ургентниот центар.

The post Уапсено 20-годишното момче кое во вчерашната престрелка во Врачар застрела две лица, меѓу кои и Македонец appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK