мај 18, 2026

Во специјално видеообраќање на македонски јазик лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го честиташе Денот на сесловенските просветители и порача дека во духот на мултикултурализмот имаме заедничка обврска да го негуваме македонскиот јазик.

„Почитувани мои сограѓани, нека е честит денот на словенските просветители Кирил и Методиј! Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ и нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото општество кое заеднички го градиме, да се потсетиме на овој важен ден, дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонскиот јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет. Нека е среќен и честит празникот!“, вели Ахмети во видеото.
ВИДЕО ТУКА

The post Али Ахмети на македонски јазик го честиташе Денот на сесловенските просветители appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK