мај 18, 2026

Неименуван 50-годишен германски државјанин е во тешка состојба во болница во Италија, откако земал екстази и „вијагра“ на одмор и имал секс со сопругата дури 24 часа.

Германецот паднал во септичен шок, а лекарите ја разгледуваат опцијата да му го ампутираат пенисот за да му го спасат животот.

Според локалните медиуми, германскиот турист престојувал со сопругата во стан во Кастел дел Пјано, во Тоскана, каде решил да има маратонски секс со сопругата.

Испил едно апче „вијагра“ и непознат број таблети екстази, па почнал да има секс со сопругата. Сепак, по 24 часа див секс, на Германецот му се слошило. Неговата сопруга веднаш повикала брза помош, а кога дошле лекарите констатирале дека мажот има септичен шок и веднаш го пренеле во болницата „Мисерикордија“ во Гросето. Сопругата му кажала на медицинскиот персонал што се случило, а на Германецот веднаш му била укажана помош. Италијанските медиуми јавуваат дека тој е во тешка состојба. Лекарите не сакаат да даваат прогнози за можното закрепнување на германскиот турист, но нагласија дека размислуваат за ампутирање на неговиот пенис.

The post Германец земал вијагра и екстази, 24 часа имал секс со сопругата и сега е во тешка состојба appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK