мај 18, 2026

Ми беше огромно задоволство што денеска во Охрид имав можност да поразговарам со младата Христијана Парулеска, која се закити со титулата европска шампионка во спаринг борби на Европското првенство во таеквондо ИТФ, кое минатиот месец се одржа во Језоло, Италија.

Нашата млада шампионка е и актуелна европска вицешампионка во категоријата Форми-борба со замислен противник и е прогласена за најдобра кадетка на европското таеквондо ИТФ, што е историски успех за нашата држава, прв пехар во Северна Македонија од сите поединечни спортови.

Младите се нашата иднина, имаме должност да инвестираме во подобра иднина за нив, затоа што со нивните успеси нашата држава станува препознатлива во светот.

The post Ковачевски оствари средба со младата европска шампионка од Охрид Христијана Парулеска. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK