мај 18, 2026

Македонскиот атлетичар, кој живее и тренира во Данска, Андреас Трајковски, постави нов државен рекорд во скок во далечина. На атлетскиот митинг во Калитеа во Грција направи скок со должина од 7 метри и 79 сантиметри го собори досегашниот македонски рекорд, кој исто така беше негов со 7,60 метри од 2022.

Андреас го освои четвртото место на митингот, зад Муарил Сришинкар од Индија, кој освои прво место со скок од 8.18 метри. Втор беше неговиот сонародник Џејсин Андрин Џонсон со скок од 7.87, додека третото место го освои Џален Рукер од Австралија со скок од 7.80 метри.


The post (Видео) Андреас Трајковски во Грција постигна нов државен рекорд во скок во далечина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK