мај 18, 2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки и др. „Вози право, вози здраво”, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
Трката ќе се одвива со старт од Порта Македонија, десно долж ул.”Димитрие Чупоски”, десно по ул.”Даме Груев”, право по бул.”ВМРО”, лево по бул.”Илинден” до крстосница со ул.”Наум Наумовски Борче”–Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK