мај 18, 2026

Претставата „Анатомија на неверството” од Театар Комедија ќе гостува во Словенија. Претставата во режија на Александра Кардалевска која минатата сезона имаше голем успех на домашните и меѓународни фестивали, сега Театар Комедија ќе има прилика да ја прикаже извонредната игра на актерите Жаклина Петровска и Тони Денковски пред словенечката публика во Нова Горица на 31. мај и во Крањ на 2. јуни.

„Низ неколку засебни сцени во кои истите актери толкуваат различни карактери, претставата зборува за неверството, бракот и воопшто машко-женските односи. Движејќи по тенката линија на сарказмот и апсурдот, приказната ги поставува сите ликови во парадоксални состојби кои истовремено создаваат и хумористични и драматични ситуации“, соопштија од Театар Комедија.


The post Театар Комедија со претставата „Анатомија на неверството” ќе гостува во Словенија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK