мај 18, 2026

Пејачката Бритни Спирс со години има лоши односи со семејството, а многу контроверзни детали се појавија во текот на нејзината борба да го прекине 13-годишното старателство на нејзиниот татко.

Бритни имаше неколку јавни пресметки со својата сестра, додека долго време не комуницираше и со мајка си.

Сепак, една од најавите на пејачката сведочи дека работите тргнале на подобро.

Бритни сподели фотографија од своето детство и откри дека конечно се смирила со мајка си.

„После три години, мајка ми вчера ми се појави на врата. Помина толку време. Кога станува збор за семејството, секогаш гледате да ги измазните врските доколку се искомплицираат. Времето ги лекува сите рани. Откако добив можност да и кажам сè што долго време ми паѓаше на ум, се чувствувам благословена, бидејќи сега навистина можеме да поправиме се што беше скршено. Те сакам многу“, напиша пејачката.

„Благословена сум, бидејќи после 14 години можеме заедно да излеземе на кафе. Ајде да пазариме потоа“, додала пејачката.

По прекинувањето на старателството што го имаше нејзиниот татко над неа, Спирс на Инстаграм објави дека татко и го започнал сето тоа, но вели многу луѓе не знаат дека сето тоа беше идеја на мајка ми.

The post Бритни Спирс се смири со мајка си: По три години ми се појави на врата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK