мај 18, 2026

Втор ден општината Ѓорче Петров не одговара на прашањата на Градска.мк, зошто општинскиот камион со ангажирани општински работници секој ден собира градежен шут, но и друг отпад и го пренесува на нова дива депонија во Орман, во околината на реката Лепенец.

Градоначалникот Александар Стојковски не одговара и зошто  ја укинал телефонската линија преку која граѓаните можеа да пријават дека имаат градежен шут за подигање, па така сега уште поголем неред се прави бидејќи сите го оставаат шутот до контејнерите, а општината го собира, но според видеото на Градска.мк очигледно се носи на оваа дива депонија.

Стојковски во предизборната кампања на локалните избори ветуваше чиста животна средина и отстранување на депониите, заедно со кандидатката на ВМРО- ДПМНЕ, скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна “Програма за модерно Скопје” во 2021 година која пред граѓаните се обврза дека ќе ги исчисти сите диви депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK