Поранешниот член на групата Нокаут, Владимир Крстевски – Франц е на Хаваи на летување со семејството.
Тој со сопругата Ема и ќерките Мелоди и Мона уживаат на одморот на ова егзотично место. Фотогрфаии од одморот сподели неговата сопруга на социјалните мрежи додека кај него последната објава е од семејната посета на Сан Диего.
Парот втора година по ред е на летување на Хаваи. Минатата година беа на Хонолулу каде уживаа во тропски коктели, а ќерките ги однесе во забавен парк со аквариум со ајкули.
Франц и Ема девет години се во брак и заедно живеaт во Лос Анџелес.
The post Франц со сопругата Ема и ќерките на летување на Хаваи appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
