мај 18, 2026

Денес ви споделуваме рецепт за еден од специјалитетите на турската кујна, ѓомлезе, еден вид палачинка со спанаќ, сирење или мелено месо. Сигурни сме дека ќе му се допадне на целото семејство!

Потребни состојки:
За тесто:
375 грама брашно
85 милилитри маслиново масло
185 милилитри вода
1/2 лажичка сол
За фил:
300 грама спанаќ
2 чешниња лук
2 јајца
1 лажичка црн пипер
300 грама фета сирење
200 грама моцарела

Начин на подготовка:
1.Измешајте ги брашното, маслото, солта и водата во садот со миксер со кука за тесто. Мешајте околу 3 минути со средна брзина додека тестото не стане мазно, но не лепливо. Доколку е потребно, додадете брашно. Покријте го и оставете го да отстои околу 20 минути.
2.Посипете ја со брашно работната површина. Поделете го тестото на четири дела. Расукајте го во правоаголник од 35 x 20 центиметри.
3.Во сад ставете ги сечканиот спанаќ, лукот, јајцето и биберот. Мешајте со раце за спанаќот да биде покомпактен, додадете фета сирење и одново измешајте.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK