мај 18, 2026

Полицајци биле нападнати при вршење на службени дејствија во два одвоени случаи, едниот во Битола, а другиот во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денеска во 03.30 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Д.(22) и В.С.(28), двајцата од Битола поради тоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Напад врз полицајци е евидентиран и вчера вечер во тетово.

„Вчера во 21.50 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Ш.(22), Б.Ш.(46) и Р.М.(50) сите од Тетово, поради тоа што нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK