мај 18, 2026

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште.

„Сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски таблички“, изјави портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА
Во несреќата загинал 62 годишен возач од Велес, кој управувал со пикап – возило со скопски регистерски таблички.

Командирот на Противпожарната бригада од Штип, Дарко Коцев за МИА изјави дека биле повикани во 13.30 часот и учествувале во извлекување на повредени во камионот со беровски регистерски таблички, а во него имало возач и сопатник. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница. Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито.

„Увидот од полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин. Полициски службеници го пренасочуваат по стариот регионалн пат“, изјави Панајотова.

The post Загина возач во сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK