мај 17, 2026

Македонскиот борач Ахмад Магомедов освои злато на меѓународниот турнир Гранд Прикс во Шпанија. Ахмад се натпреваруваше во категоријата до 79 килограми, а во финалето со 10:0 го совлада Нурзигит Мустафа од Казахстан. Претходно во полуфиналето беше подобар од Канаѓанецот Бармиш со 1:0.

Магомедов на стартот во осминафиналето со 11:1 триумфираше над Таир Шамсат од Казахстан, а потоа во четвртфиналето со 8:0 го елиминираше Иглесиас, натпреварувач од Шпанија.

За потсетување, денеска настап имаше и Магомедгаџи Нуров во категоријата до 97 кг. Нуров во четвртфиналето водеше со 3:0 против Јухван Сео од Јужна Кореја во првата рунда, но во втората мораше да се повлече поради повреда.

 

 


The post Македонскиот борач Магомедов освои злато на турнир во Шпанија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK