мај 17, 2026

Поранешниот шпански репрезентативец Луис Суарез почина денеска во Милано на 88 години. Ќе остане запомнет како првиот и досега единствениот Шпанец кој ја освоил „Златната топка“.

Богатата професионална фудбалска кариера Суарез ја започна во Депортиво, а во 1955 година го облече дресот на Барселона и стана и клупска легенда. Во Интер настапуваше од 1961 до 1970 година пред да премине во редовите на Сампдоија каде и ја заврши кариерата.

Од 1957 до 1972 година ги бранеше националните бои на Шпанија, која во 1964 година ја предводеше до шампионскиот трофеј на Европското првенство


The post Почина првиот Шпанец кој ја освои „Златната топка“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK