мај 17, 2026

Во текот на летните месеци најмногу сакаме рецепти за десерти кои не ни одземаат премногу време, а уште повеќе ги сакаме оние поради кои не мораме да ја вклучуваме рерната.

Денеска ви пренесуваме рецепт за кремаст колач од кокос којшто се топи во уста, а кој е готов за 20-на минути.

Состојки:

300 грама бисквити;500 грама маскарпоне;500 милилитри крем за шлаг;200 грама бело чоколадо;200 грама кокос;Малку млеко.

Подготовка:
1.Бсквитите натопете ги во млекото и распоредете ги во сад (20х28 сантиметри).
2.Во садот ставете го маскарпонето и белото чоколадо кое сте го стопиле, па матете со миксер.3.Посебно изматете го кремот за шлаг, но да не биде многу цврст. Шлагот додадете го во маскарпонето и полека мешајте со лажица.
4.Додадете го кокосот и соединете сѐ.
5.Половина од смесата распоредете ја над бисквитите, останатиот дел од бисквитите повторно потопете ги во млеко и ставете ги над кремот.
6.Останатиот крем распоредете го над бисквитите.
7.Колачот ставете го во фрижидер, најдобро е да отстои во текот на цела вечер.

На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK