мај 17, 2026

Пастата „алфредо“ е класично италијанско јадење, на кое речиси никој не може да одолее. Италијанците се познати по тоа што строго се држат до традиционалните рецепти и речиси никогаш не експериментираат со веќе проверените јадења.

Сепак, многу луѓе додаваат пилешко или печурки на „алфредо“ пастата, па еден Италијанец решил да стави крај на тоа.
Неговото видео има повеќе од 6 милиони прегледи, а ние ви го пренесуваме рецептот.

Состојки:
100 грама гриз брашно
100 грама бело брашно
2 јајца
Сол по желба
30 грама путер
Маслиново масло
Бибер
100 грама пармезан

Подготовка
Измешајте ги гризот и брашното, па направете вдлабнатина во која ќе ги скршите јајцата и ќе посолите. Сè добро измешајте и по потреба додајте малку вода.
Доколку имате машина за развлекување тесто искористете ја, ако не, развлечете го тестото тенко со сукало. Преклопете го тестото 3 пати од двете страни, па исечете го на ленти. Во загреана тава ставете путер, масло, бибер и малку вода. Доколку сакате, можете да додадете и малку кора од лимон.
Тестенините гответе ги околу 40 секунди, а потоа префрлете ги во тавата со путерот. Измешајте сè и посипете со пармезан.

Buon appetito!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK