мај 17, 2026

Шведското обвинителство смета дека човекот, кој не е именуван, извршил „систематска“ измама и се стекнал со корист од 1,3 милиони круни (околу 110.000 евра), пишува „Sky News“.

Обвинетиот на инспекторите им рекол дека телото на својата пријателка, која е Норвежанка, го ставил во замрзнувач откако ја нашол мртва во нивната куќа.
По нејзината смрт тој ги уверил семејството и пријателите дека жената е се уште жива. Двајцата живееле во Арјанг, околу 340 километри западно од главниот град Стокхолм.

Телото било откриено во замрзнувачот на 16 март, а мажот бил уапсен три дена подоцна и оттогаш е во затвор.
Сепак, истражувачите веруваат дека мажот некако користел помошници за да го придвижи телото, па не исклучуваат дека некој друг е вмешан. Почетокот на судењето е закажан за крајот на овој месец.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK