мај 17, 2026

По 40 години во Иран на жените ќе им биде дозволено да присуствуваат на трибините и да следат фудбалски натпревар, оваа информација беше соопштена пред почетокот на новата сезона на фудбалското првенство на Иран.

„Една од главните карактеристики оваа сезона ќе биде тоа што жените ќе можат да влезат на стадионите и да ги гледаат мечевите во машкиот шампионат“, изјавил Мехди Таџ, претседателот на Иранската фудбалска федерација.

Во Иран на жените повеќе од четири децении не им беше дозволено да присуствуваат на стадионите кога играат мажи, одлука донесена Ајатолахот во 1979 година, бидејќи не било соодведно да ги гледале мажите во шорцеви. Иранските власти во последните неколку години попуштија под притисокот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), која им се закани со суспензија од сите меѓународни натпреварувања и на жените во Иран само во специјални моменти им беше дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари.

Околу 4.000 Иранки во октомври 2019 година го следеа мечот од квалификациите за СП 2022 против Камбоџа, кој се играше во Техеран и тоа беше првпат по револуцијата од 1979 година да присуствуваат жени на фудбалски натпревар.


The post По 40 години, Иран им дозволи на жените да гледаат фудбалски натпревари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK