мај 17, 2026

Манекенката Наоми Кембел неодамна ја изненади јавноста кога на 54-годишна возраст по втор пат стана мајка. Наоми доби тајно син, со помош на сурогат мајка, а сега ја однела својата постара ќерка во Дизниленд.

Наоми на својот Инстаграм сподели фотографии од семејното патување. Таа објави фотографија со постарата ќерка (2) со Мики Маус. На фотографиите се појавува и непознат маж чие лице го покрила.

„Никогаш не е доцна да го запознаеме Мики Маус. Благодарност до ќерка ми која ме донесе во Дизниленд“, напиша Наоми на Инстаграм со две фотографии и видео од едно од возењата во забавниот парк.

Манекенката пред две недели изненади со објавата дека повторно станала мајка. Како што открил близок извор за Мејл онлајн, Наоми само на неколку од нејзините најблиски пријатели им ја кажала веста дека чека дете.

Исто така, таа наводно своите деца ги воспитува како самохрана мајка, а јавноста не знае дека е во романтична врска. Манекенката веќе извесно време го држи својот приватен живот во тајност и ретко споделува моменти со своите деца.

 

The post Наоми Камбел со децата на одмор: Никогаш не е доцна да го запознаеме Мики Маус, првпат во Дизнилед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK