мај 17, 2026

Фудбалската федерација на Македонија во среда на седница на Управниот одбор ќе го презентира извештајот за работата на селекторот Благоја Милевски и двата пораза во јунскиот квалификациски циклус од Украина (2:3) во Скопје и од Англија (7:0) на „Олд Трафорд“.

Според одредени гласини во јавноста, а согласно поразите, можно е на УО на ФФМ да се разгледува и евентуален отказ за селекторот Благоја Милевски.

Сепак, од федерацијата засега нема никакви најави во пресрет на седницата на Управниот одбор на ФФМ.

„До овој момент од Управен одбор нема никаква информација дека Благоја Милевски веќе нема да биде селектор на македонската фудбалска репрезентација. Кога ќе имаме официјални информации, ќе објавиме“, изјавија од ФФМ.

Фудбалската репрезентација на Македонија во квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024 досега забележа една победа, против Малта (2:1) и два порази, од Украина дома (2:3) и од Англија на гости (7:0).

Во следното коло, на 9.септември, Македонија на домашен терен ја пречекува Италија.


The post ФФМ ќе одлучува дали Милевски ќе остане селектор на фудбалската репрезентација appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK