мај 17, 2026

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му врачила отказ на селекторот Боби Милевски, објави порталот „Спорт 1“. Одлуката доаѓа по речиси еден месец од највисокиот пораз во историјата на нашата фудбалска репрезентација, 7-0 од Англија на Олд Трафорд.

„Членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е кормилар на националниот тим, но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот“, се вели во веста на Спорт1.

Најдобриот резултат на Македонија под водство на Милевски беше победата над Италија во Палермо, потоа следуваа низа лоши и неубедливи игри кои кулминираа со поразот на Олд Трафорд.

The post Благоја Милевски повеќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK