мај 17, 2026

Русија лансираше 28 експлозивни беспилотни летала во Украина во текот на ноќта, насочени, меѓу другото, на пристаништето Одеса, клучна област за спроведување на договорот за извоз на жито, соопштија тамошните власти.

– Терминалот за жито во пристаништето Одеса беше цел на напад, изјави денеска регионалниот гувернер Олег Кипер.

Украинската противвоздушна одбрана собори 26 беспилотни летала камикази од вкупно 28, соопшти војската.

Утрово армијата соопшти дека Русија извршила ноќен напад со беспилотни летала врз Киев и додаде дека е причинета помала штета.

Тие напади се случија пред почетокот на дводневниот самит на НАТО во Литванија, на кој се очекува да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK