мај 17, 2026

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го казни градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со 90.000 евра за исфрлање на ѓубрето пред портите на „Дрисла“.

„Согласно последните случувања поврзани со отпадот и денешната информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90 000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода, утре, среда, 12.07.2023 год., со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција“, информираат од Општина Кисела Вода.

Инаку, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски го истурија сметот собран од нивните општини пред портите на „Дрисла“, но засега нема информација од Општина Аеродром дали и тие добиле ваква казна.
сител тв

The post Арсовска го казни градоначалникот Ѓорѓиевски со 90.000 евра, за исфрлање на ѓубрето пред портите на Дрисла appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK