мај 17, 2026

Македонската пејачка Тамара Волческа ја објави нејзината прва авторска песна „Место од спомени“. За песната Тамара направи и спот.

„Песната претставува времеплов на сеќавањата од минатото, копнеж и недостиг кон нашите корени, места каде што сме пораснале и луѓе кои веќе не се покрај нас“, изјави Тамара за Репортер.

Како автор на текстот, Волческа праќа порака да бидеме благодарни за она што го имаме денес и со радост да се сеќаваме на она што поминало. Автор на музика е Весна Малинова, а аранжманот на Дарко Тасев, спотот е на Петар Тутунџиев.

„”Место од спомени” ја напишав за прекратко време, за само 10 -тина минути, додека Весна спонтано свиреше на клавир и ме водеше низ атмосферата за креирање. Оваа песна ја пријавивме за Макфест 2023, но за жал бевме одбиени“, реле Волческа.

Во спотот прикажана е песната и текстот на едноставен начин,  со детски џагор, детски насмевки и хоризонтала на повеќе генерации, малечко бебе, среќно семејство, бабичка со своите внуци и повторно истата приказна во денешно време каде се рецитираат длабоки стихови за недостиг: “некој се сеќава, на некој недостасува, некој копнее по нечија прегратка, нечија насмевка, која веќе ја нема, за она место, кога бевме деца”, вели Тамара.

 

The post (Видео) Тамара Волческа ја промовираше нејзината прва песна „Место од спомени“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK