мај 17, 2026

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски рече дека градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска не може да ја види на терен, на некој проект, туку само како се кара.

– Уште со мене не беше скарана и со граѓаните на Кисела Вода. Еве се скара и со нас, кажа Ѓорѓиевски.

Тој ја обвини Арсовска дека има постојани опструкции кои што произлегуваат, како што рече од нејзините лични фрустрации изминатиов период и со Водовод и со Комунална Хигиена.

– За едно обично барање со месеци чекаме. Тоа е класично изживување и лечење на фрустрации, кажа Ѓорѓиевски и додаде дека како политичар секогаш има доблест да каже кога ќе направи грешка.

– Јас длабоко се каам што сум се довел во ситуација да гласам за Арсовска, длабоко се каам, рече градоначалникот на општина Кисела Вода.

The post Ѓорѓиевски: Длабоко се каам што сум гласал за Арсовска appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK