мај 17, 2026

Видео на кое девојка од Србија во розов фустан и штикли, се качува во автобус, седнува на столче, од чантата вади ќеса со компири и почнува да ги лупи, стана хит на социјалните мрежи.

Луѓето кои се возат во истиот автобус чудно ја гледаат девојката која прави невообичаена работа додека се вози во јавен превоз.

„Дали е можно ова да се прави во јавен превоз“, напишал корисникот кој го објавил видеото.

„Дали е можно ова да е реално?!“, „Секако, печам и компири, бидејќи некои автобуси се како фурни“, „Веднаш би се оженил со неа“, „Наскоро во автобус ќе сушат месо“, се дел од коментарите.

Под видеото има и коментари, дека корисниците не веруваат дека видеото не е реално и дека е снимено само за кликови на Тик ток, но, има и такви на кои сè им било забавно, па пишуваат дека барем не фрла лушпи низ прозорецот и дека ќе има половина ручек додека да дојде дома.

Jel moguće ovo da radite u gradskom prevozu pic.twitter.com/QmTjfP1oOH

— Nina Krunić (@nina_krunic) July 11, 2023

The post (Видео) Дотерана девојка во фустан и штикли, влезе во автобус и почна да лупи компири: Би ја женел appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK