мај 17, 2026

Златица од Ниш донираше бубрег на ќерката за да ѝ го спаси животот. Трансплатацијата се случи минатата недела и е трета на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетската болница во Ниш.

Ќерка ѝ Виолета повеќе нема да оди на дијализа, туку ќе има сосема нормален живот рекоа лекарите. Во самата интервенција, како и во постоперативниот тек учествуваа тим од околу 40 луѓе.

„Целата оваа исклучително тешка и напорна процедура помина беспрекорно и без ниту еден инцидент“, рече директорот на Клиниката за кардиохирургија, УКЦ Ниш, професор доктор Драган Милиќ.

Додаде и дека му е чест и задоволство да работи и да води тим од луѓе кои покажуваат исклучителна професионалност и посветеност.

„Горд на нашиот УКЦ Ниш и среќен сум што Виолета, благодарение на нејзината мајка, доби шанса за нов живот, кој повеќе нема да биде врзан за болнички кревет. Многу луѓе сè уште чекаат трансплантација како спас за нивните животи. Сите заедно да ги поддржиме преку програмата за трансплантација кај нас“, рече доктор Милиќ.

The post Жена донираше бубрег на ќерката за да ѝ го спаси животот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK