мај 17, 2026

Калин Ивановски го продолжи настапот на Челинџер турнирот во Јаши, Романија, овојпат со пресврт совлада нов домашен теренисер, Филип Кристиан Јиану.

Романецот подобро влезе во мечот, го доби првиот сет со 6-3,  но Ивановски одговори во вториот, го доби со 6-4 и изедначи на 1-1.

Во третиот, решавачки сет, Ивановски беше подобар со 6-3 и дојде до триумф од 2-1 во сетови.

Во четвртфиналето Ивановски ќе игра против Стевен Диез од Канада, тенисер кој е речиси 100 позиции подобар од Македонецот. Се наоѓа на 278 место на АТП листата.

The post Нова победа на Калин Ивановски, следи четвртфинале на турнирот во Романија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK