Трејлерот за филмот Wonka е прегледан над 10 милиони пати во првите 24 часа, а позитвни се и реакциите на фановите. Филмот го режираше Пол Кинг, режисер на хит филмовите Paddington, врз основа на сценариото што тој го напишал со Сајмон Фарнаби.
Заплетот го следи младиот и ексцентричен Вили Вонка и неговите авантури пред да стане познат производител на слатки. Филмот е забавен за целото семејство и, според Warner Bros, „докажува дека најдобрите работи во животот започнуваат со сон, а ако сте доволно среќни да го запознаете Вили Вонка, сè е можно“.
Заедно со Шаламе, во филмот се појавуваат и Роуан Аткинсон, Оливија Колман, Кала Лејн, Киган-Мајкл Ки, Патерсон Џозеф, Мет Лукас, Метју Бајнтон, Сели Хокинс, Џим Картер и Том Дејвис. Гледачите на трејлерот беа особено воодушевени од Хју Грант, кој го отелотвори Умпа Лумпа.
The post (Видео) Излезе трејлерот за Вонка со Тимоти Шаламе, фановите се воодушвени appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
