мај 17, 2026

Светски познатата оперска дива Анџела Георгиу буквално беше ѕвезда на вечерта на „Охриско лето“. Не само што ја воодушеви публиката со својата отменост и настап, туку и со својот гламур, па приреди несекојдневен концерт.

 

Меѓу популарните опери беше и „Кармен“ од Жорж Бизе. Оперската дива доби десетици громогласни аплаузи. На сцената смени дури два фустани. За почеток одбра светли тонови, а потоа со црвен фустан кој се претопи со моќта на нејзиниот вокал кој никого не го остави рамнодушен.

 

Оперската дива настапи со Оркестарот на Националната опера и балет на Република Македонија, под диригентската палка на извонредниот Чипријан Теодорашку од Романија.

 

Диригентот Теодорашку неколкупати во текот на концертот и ги бакнуваше рацете на оперската дива, во знак на признание и благодарност.

Таа се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителна вокал-техника и длабока драмска и музичка интелигенција.

The post Глас од кој запира здивот, додека диригентот и ги бакнуваше рацете: оперска дива Анџела Георгиу ѕвезда во Охрид appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK