мај 17, 2026

КАМ маркет“, најпосакуваниот работодавач за изминатата година, третпат годинава ги зголемува платите на своите вработени во маркетите во Скопје. Со новото покачување, основната почетна плата за касиери е за 29% повисока од законската минимална плата, односно изнесува 28.000 денари со можност за исплата со додатоци и бонуси да достигне и над 31.000 . Дополнително, компанијата континуирано нуди обука за оние кандидати кои немаат искуство во трговија.

„КАМ“ во континуитет го држи првото место меѓу маркетите, со исплатени највисоки просечни нето-плати со додатоци. Новото зголемување е дел од стратегијата на компанијата, каде што грижата и развојот на човечкиот капитал е еден од најважните приоритети.

Неодамна „КАМ“ ја прошири и листа на бенефиции – го зголеми регресот за годишен одмор на 37.600 денари и воведе колективно осигурување за сите вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработени чие живеалиште е оддалечено повеќе од 5 километри од маркетот во кој работат. Оваа листа веќе опфаќа значителни придобивки, како што се слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Велигден, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“ итн.

ДенарМк

The post КАМ третпат годинава ги зголемува платите на вработените – основната почетна плата за касиери изнесува 28.000 денари appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK