мај 15, 2026

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го прослави својот 40-ти роденден. Роденденот го прослави заедно со децата кои тренираат во Брера Струмица и доби убаво изненадување од сите во клубот. Бившиот капитен на македонската фудбалска репрезентатција доби посебна честитка и од Италија.

Неговиот поранешен клуб Интер му честиташе исто така со порака.

„Од Примавера до покривот на светот. Среќен роденден Горан“, му напишаа од Интер клубот кој му даде шанса, прво во својот Примавера тим, а потоа и во првиот со кој успеа и да ја освои Лига шампиони и стана европски и светски шампион.

За потсетување, покрај Интер, Пандев играше уште во неколку клуба во Италија, Специја, Анкона, Лацио, Наполи и Џенова.

 

 

(Видео) Пандев славеше 40. роденден во Струмица со фудбалерите од клубот Берера: Спектакуларен пречек и торта со неговото презиме

 


The post Од Примавера до покривот на светот, Интер му го честиташе 40 роденден на Пандев appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK